Ким Џонг Ун отиде на гимнастика, а стадионот падна во транс

Лидерот на Северна Кореја придружуван  од својата сопруга и својата сестра, се појави на манифестацијата на која настапуваат гимнастичари и уметници, одржана на Првомајскиот стадион во Пјонгјанг.

Како што е редот, кога тој влезе на стадионот сите присутни станаа на нозе и френетично му аплаудираа неколку минути. За настанот известија државните медиуми, а на независните новинари не им беше дозволено да присуствуваат.