Кинез носел 70 парчиња облека на лет, за да не плати дополнително за багаж

Вистина е, Кинез го подигна штедењето на друго ниво, облекувајќи неверојатни 70 парчиња облека за да избегне дополнителни и неочекувани трошоци.

Човек од кинеска националност, чие име останало анонимно, пристигнал на Guanzhou Baiyun интернационалниот аеродром во Кина со големина на багаж поголема од дозволеното. Му биле понудени две опции, да плати дополнителено или да се ослободи од дел од багажот. Ниедно од понуденото не било прифатливо за неговите стандарди и решил да го собори рекордот во “наоблеченост”.

Успеал да ги облече сите 60 кошули (маици) и 9 пара фармерки кои биле вишок, и се упатил кон летот за Nairobi, Kenya. За да бизарноста биде поголема, детекторот за метал покажал дека има заборавено метален предмет во некој од 150-те џебови и морал да го повтори процесот.