Кирацоски: Ќе поднесам предлог закон, кривичните дела на функционерите да не застаруваат

„Како пратеник во Собранието на нашата Македонија, поднесувам Предлог Закон со кој кривичните дела сторени од избрани и именувани функционери нема да застаруваат. Ќе побарам поддршка од сите 120 колеги пратеници да се приклучат кон ова законско решение и заедно во најбрз можен рок истото да биде изгласано и применето во позитивните законски прописи во државата“, сподели пратеникот на СДСМ, Александар Кирацовски.

Бегството во Унгарија и застарувањето на ова дело, (Траекторија), поради истекување на рокот од шест години, без правосилна пресуда, од јавноста се прочитани како спас на симболот на криминогеното политичко подземје за време на неговото владеење, Никола Груевски, луксуз кој не смееме да си го дозволиме ни сега ниту во иднина, посочува Кирацовски.

Loading...