Добра Вест – Обезбедени средства за нов колекторски систем за Охридско Езеро

Владеачката СДСМ преку соопштение потенцира дека ребалансот на буџетот предвидува средства за еколошки проекти, пред сѐ за заштита на Охридското езеро.

Во Ребалансот на буџетот, велат од СДСМ, се издвојуваат 183 милиони денари за нов колекторски систем, како дел од мерките за заштита на Охридското езеро.

„За потсетување, по речиси четири децении од почетокот на неговата изградба, Владата го презема колекторот за заштита на Охридското Езеро од отпадни и загадени води. Децениската негрижа и големата урбанизација во изминатите десетина години, за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, предизвикаа колапс на Охридското крајбрежје и закана Охрид да биде отстранет од листата на УНЕСКО на заштитено светско наследство“, велат од СДСМ.

Партијата додава дека Владата, Општината и сите надлежни институции прават сѐ Охрид и Охридскиот регион да останат на листата на УНЕСКО.