Конечно убава вест од Австралија: Од авион фрлаат моркови за да ги нахранат животните кои преживеале

Владата од Нов Јужен Велс пред две недели ја започнала операцијата „Rock Wallaby“, а досега од авиоите се фрлени 2.200 килограми свежи моркови.

Голем број авиони се користат во операција со цел да се нахранат животните кои ги преживеале големите пожари кои беснеат во Австралија.

https://twitter.com/Matt_KeanMP/status/1215900857436270592

Министерот за заштита на животната средина, Мет Кин, рекол дека многу животни успеале да се спасат и да побегнат од пожарите и опасноста, но и дека се наоѓаат надвор од своите домови во непознатите предели, каде немаат пристап до храна.

„Освен што фрламе храна, поставуваме и камери и ги проверуваме подрачјата за да видиме колку животни јадат и колку воопшто преживеале“, рекол Кин.

https://twitter.com/Matt_KeanMP/status/1216106489523232768

Организаторите на акцијата нагласиле дека меѓу животните кои се хранат има голем број загрозени видови.

Некои од нив изгореле во пожарите, додека други умреле како последица од изгорениците и вдишување на чадот, пренесуваат локалните медиуми.