Коронавирусот “преживеал” на крузерот 17 дена

 

Коронавирусот преживеал 17 дена на крузерот Diamond Princess во Јапонија, подолго отколку што сугерираа претходните студии колку долго овој вирус може да преживее на одредени површини.

Податоците кои ги објави Американскиот центар за контрола и превенција на болести покажуваат дека вирусот бил „идентификуван на разни површини, во кабините на заразените патници со симптоми на болест, како и на оние кои немале симптоми и до 17 дена откако биле испразнети патничките кабини на овој крузер, а пред дезинфекција“

Меѓутоа, истражувачите велат и дека ова откритие не мора да значи дека вирусот се шири по површините.

Покрај крузерот во Јапонија, се проучувал и крузерот Grand Princess во Калифорнија каде патниците, исто така биле во карантин.

Претходните истражувања покажале дека коронавирусот може да трае и до три дена на пластика и нерѓосувачки челик. Според таа студија, количината на вирус на тие површини се намалува со текот на времето, пренесува CNBC.

На крузерот Diamond Princess, скоро една петтина од патниците биле заразени со коронавирус, додека друг брод вклучен во студијата, Grand Princess, се закотвил на брегот на Калифорнија, откако двајца растоварени патници биле позитивни на коронавирусот.