Која е разликата помеѓу џелато и сладолед

Иако на италијански џелато значи сладолед, сепак секој Италијанец ќе се навреди ако му кажете дека овие две работи се исти. Една од клучните разлики помеѓу нив е процентот на масти во составот.

Додека главните состојки на сладоледот се: млеко, слатка павлака, шеќер и жолчки од јајца, тајната на правењето џелато е во доста помалата количина на слатка павлака и многу мала количина, или без воопшто жолчки од јајца, што допринесува за многу помал процент на масти во составот.

Правилата од Управата за храна и лекови, велат дека сладоледот не може да содржи помалку од 10 проценти млечни масти (може да оди до 25) додека во џелатото процентот на млечни масти се движи од 4 до 9.

Меѓутоа освен во процентите во составот, и методата на матење на двата десерта се разликува, што влијае во разликата на нивната густина. Сладоледот се мати многу побрзо, за да се произведе воздушеста конзистенција. Поголемиот процент на млечни масти при овој процес ја игра клучната улога, бидејќи поради нив мешавината абсорбира повеќе воздух.

Џелатото од друга страна се мати многу поспоро со што се произведува доста погуста смеса. Исто така џелатото се одржува и служи на повисока температура од сладоледот, текстурата му е помека и изгледа посјајно.

Loading...