Според хороскопот: Кој е вашиот среќен ден во 2020-та?

Секој хороскопски знак има по еден најсреќен ден во годината, а токму вашиот ќе го пронајдете во продолжение:

Овен – 1-ви октомври

Октомври генерално ќе биде месец со многу настани, но овој ден ќе биде во знакот на љубовта.

Бик – 8-ми март

Биковите ги очекуваат многу нови искуства, а токму 8-ми март ќе биде добар ден за планирање далечни патувања.

Близнаци – 7-ми август

Кога се работи за пари и кариера, Близнаците ќе процветаат на овој ден.

Рак – 14-ти декември

Средината на декември ќе биде идеален ден за среќни новости поврзани со љубовната врска.

Лав – 6-ти септември

Ова е денот кога сите погледи ќе бидат вперени кон вас – ваше е да ги искористите мудро.

Девица – 25-ти август

Кариерата ќе ви процвета во текот на месец август, а 25-тиот ден од месецот ќе биде одличен за нови понуди и поголема плата.

Вага – 7-ми февруари

На 7-ми февруари држете ги очите, но и срцето отворени, бидејќи ова е поволен ден за љубовни авантури и промени.

Скорпија – 3-ти октомври

Есента за Скорпиите се биде прилично среќна, а 3-тиот ден од октомври ќе биде одличен за активно преземање на иницијатива и остварување на соништата.

Стрелец – 15-ти декември

На овој ден љубовта ќе биде интензивна, па не би било чудно да го направите следниот сериозен чекор во врската.

Јарец – 20-ти февруари и 28-ми март

Јарецот ќе има најдобра година од сите знаци, па ќе има дури два дена. На овие датуми ќе им се поклопат коцките и ќе почувствуваат стабилност на сите полиња.

Водолија – 31-ви март

Кон крајот на март Водолиите ќе добијат силна желба за слобода и мотивација.

Риби – 5-ти декември

Ова е денот кога Рибите ќе бидат полни со креативност, па ќе ги решат сите проблеми кои ги мачат со месеци.