Ослободете се од комарците и подобрете го расположението во домот со ловоров лист

Состојките во ловоровиот лист имаат смирувачко дејство врз телото и психата. Истовремено, ловоровиот лист е одбивен за комарците.

gi-brka-komarcite-i-go-podobruva-raspolozhenieto-zoshto-vi-e-potreben-lovorov-list-vo-domot-001.jpg

Бидејќи веќе е период кога сите имаме проблеми со комарци, сигурно барате некакво решение.

Сè што треба да направите е да запалите неколку суви ловорови листови во просторијата каде што седите, а чадот ќе ги избрка комарците и ќе ви го подобри расположението.

Предноста на ловоровиот лист за разлика од средствата против инсекти е тоа што нема да вдишувате штетни хемикалии, туку природен мирис.

gi-brka-komarcite-i-go-podobruva-raspolozhenieto-zoshto-vi-e-potreben-lovorov-list-vo-domot-002.jpg

Наместо да го палите, можете и да изроните ловоров лист и да го ставите онаму каде што ќе седите, како на пример под лежалката во вашиот двор.

gi-brka-komarcite-i-go-podobruva-raspolozhenieto-zoshto-vi-e-potreben-lovorov-list-vo-domot-03.jpg

Овој трик ќе ви помогне да се ослободите и од другите инсекти, како мувите.

Добро е да знаете дека комарците не го поднесуваат и мирисот на босилекот, лавандата, рузмаринот и маточината.

Доколку пак имате проблем со мравки, може да ви помогне талогот од кафе – ставете го на местото каде што има најмногу мравки, па мирисот ќе ги натера да се преселат на друга локација.

Loading...