Маалска сцена во Италија: Не му дадоа да шутира пенал, па сам си направи замена и беснееше на клупата (видео)

Вистински циркус се случуваше вчера на натпреварот од Серија Б помеѓу Асколи и Венеција.

Српскиот фудбалер на Асколи Никола Нинковиќ се најде во центарот на вниманието кога при резултат 0:1 се скара со својот соиграчот, Алесио да Круз околу изведувањето на пенал. Круз беше упорен, па Нинковиќ толку се налути што побара да биде заменет.

И не заврши тука. Нинковиќ по излегувањето започна да се кара и да беснее на клупата.

Навистина е неверојатно како некои играчи си дозволуваат да направат сцена која сме ја гледале во маало во сериозен и професионален фудбал.

https://twitter.com/tjcope/status/1190698008511492096?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1190698008511492096%7Ctwgr%5E363937393b636f6e74726f6c&ref_url=https%3A%2F%2Fsportski.mk%2F%25d0%25bc%25d0%25b0%25d0%25b0%25d0%25bb%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25b0-%25d1%2581%25d1%2586%25d0%25b5%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d0%25b8%25d1%2582%25d0%25b0%25d0%25bb%25d0%25b8%25d1%2598%25d0%25b0-%25d0%25bd%25d0%25b5-%25d0%25bc%25d1%2583-%25d0%25b4%25d0%25b0%25d0%25b4%25d0%25be%25d0%25b0-%25d0%25b4%25d0%25b0%2F