Макрон доби поддршка од Русија за осудата на НАТО, Помпео и Мас го демантираат

Изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за мозочна смрт на НАТО ја изразува вистинската состојба , соопшти портпаролката на руското Министерство за надворешни работи , Марија Захарова.

„Колку е тоа точно. Изјавата ја отсликува вистината. Тоа е јасна дефиниција за моменталната состојба во НАТО“, напиша  Захарова.

„Што точно може да направи Европа за да ја контролира својата судбина? Во 20 век, таа имаше две војни, бесконечен број локални војни во 19 век и активности за ширење идеи со помош на копје и меч“, додаде таа.

Процесите што следеа по потпишувањето на 14 точки на Вудроу Вилсон, кои се развија за време на Втората светска војна и во време на економската и политичката интеграција на Европа, помогнаа да се справат со главните задачи на стопирање на бескрајните европски поделби, рече Захарова.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, исто така, го отфрли мислењето на Макрон за НАТО, пренесува Ројтерс.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео и германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас ја истакнаа важноста на НАТО, наведувајќи дека трансатлантската соработка е клучна за падот на Берлинскиот Ѕид пред 30 години и е сè уште важна денес.

Говорејќи по посетата на германското село Медларо, кое беше поделена за време на Студената војна, Помпео пред новинарите изјави дека „вонредната работа на демократските земји ја создала слободата на милиони луѓе извлечени од многу тешки ситуации “, објави АП.

„Мислам дека НАТО останува важен, клучен, историски можеби еден од најбитните стратешки партнери во поновата историја“,рече Помпео пред новинарите во Лајпциг.

Мас изјави дека не верува во „ мозочна смрт “ на НАТО. „Цврсто верувам во меѓународната соработка“, додаде тој.

Loading...