Манчестер Сити им се одолжи на навивачите со победа од 8-0 против Ватфорд (видео)

Манчестер Сити го победи Вотфорд со неверојатни 8:0 на стадионот „Етихад“ во рамки на шестото коло во англиската Премиерлига и на најдобар можен начин им се одолжи на своите фанови за неочекуваниот пораз од Норич (2:3) во минатиот викенд.

Фудбалерите на Манчестер сити влегоа во историјата на натпреварувањето како први што успеале да постигнат пет гола во само 19 минути. Хет-трик прослави Бернардо Силва во 15. минута, во 48. минута и во 60. минута, по еднаш во листата на стрелци се впишаа и Давид Силва (1’), Серхио Агеро (7’ од пенал), Ријад Марез (12’), Никола Отаменди (18’) и Кевин де Брујне (85’).