МАПА НА БОГАТСТВО: Секој Македонец има 25.700 долари, Словенецот 122.000, а Швајцарците се најбогати во Европа

Credit Suisse“ во десетто издание на нивниот „Глобален извештај за богатството“ за 2019 година, ги рангираше европските држави, односно направи список на земји со „износот на богатство“ по возрасно лице.

Нашата земја со 25.723 долари по глава на жител е во вториот дел од табeлaта, а според овој извештај, најбогати се жителите на Швајцарија со 564.653 долари по човек.

Следат Исланд со 380.868 долари, Луксембруг со 358.003 и Данска со 284.022 долари по лице.

Меѓу соседите и земјите од поранешна Југославија најдобро позиционирани се Словенија со 122.508 долари и Хрватска со 62.804 долари. Црногорците имаат 53.484 долари, жителите на БиХ имаат 27.873, a пак Србите 25.046 долари.

На дното на листата се Украина со 8.792 долари, Грузија со 12.609 и Молдавија со 12.804 долари.