Мачор доби работа на Филозофскиот факултет во Осијек

Мачорот Џиво доби работа на Филозофскиот факултет во Осијек. Тој се вработи во библиотеката на Филозофскиот факултет во Осијек и ќе ја добие својата плата во форма на сместување, храна и здравствено осигурување.

Во ноември 2017 година, Филозофскиот факултет во Осијек ширум ги отвори вратите за милениците, а неодамна и мачорот доби Џиво Гундулиќ доби работа во новоотворената библиотека, пренесува sib.hr.

На фејсбук страницата на библиотеката се објавени фотографии на нововработениот мачор, за кој се вели дека неговата работа е да пишува семинари со студентите, да брои книги, а за неговите услуги добива храна, стан, здравствено е осигуран, додека се уште не е синдикално организиран.