(ВИДЕО) Се запленува мебелот на Јанева купен од Боки 13

Во камион се товарат парчиња мебел од домот на осомничената специјална обвинителка Катица Јанева. Најверојатно во камионот завршил мебелот во вредност од 5 илјади евра, кои таа ги добила од Орце Камчев за да му биде олеснета положбата во случајот „Империја“.

При претресот во СЈО со налог е одземен нејзиниот компјутер. Засега нема информации зошто Јанева од СЈО е вратена во домот во Козле, по што се очекува таа да биде изведена пред судија во претходна постапка, кој треба да одлучи по барање на ЈО за одредување мерка притвор.

Претрес денеска освен, во домот на Јанева во Скопје и во нејзината канцеларија, се врши и во нејзината куќа во Гевгелија.

ЈО бара притвор за Јанева, која е осомничена за злоупотреба на службена положба и овластување заради стекнување лична корист во случајот „Рекет.

Според истрагата, Јанева стекнала 298.000 денари имотна корист, претежно во мебел и предмети.