Мистични цитати од Руми: Раната е место каде што светлината влегува во тебе

Руми, чие целосно име е Мевљана Џалалудин (Џалал ад-Дин) Мухамед Руми е персиски поет, правник и теолог. Живеел и творел во времето на Селџуците, а неговата книжевска важност ги надминува националните и етничките граници.

Руми има значително влијание врз персиската и турската книжевност, а неговите дела се преведени на многу светски јазици.

По смртта на Руми, неговите следбеници го основале редот Мевлевии (вртечки дервиши) чие обожување во облик на танц со музика се нарекува сема.

Мислите на Руми се искрени, чисти и неискривени од злоба, суета и љубомора. Тие се вистински мали заповеди и лекции за тоа како треба да се живее животот.

 

1. Стани небо. Сруши го ѕидот кој те затвора. Побегни!
 2. Не би знаел што е љубов да не сум го почувствувал копнежот.
 3. На себе го носам она што го имам, а во срцето го носам она што го сакам.
 4. Ќе научиш со читање, ќе сфатиш со сакање.
 5. Нека не ве вознемирува тоа што одам со високо крената глава, мојата единствена грижа е да не го згазнам вашето воспитување кое се влече по земја.
 6. Кога и да имаме можност да сакаме без очекувања, калкулации и преговарања, ние сме навистина во рајот.
 7. Раната е место каде што светлината влегува во тебе.
 8. Кога и да правиш нешто со душа ќе почувствуваш како во тебе тече река. Тоа е радост.
 9. Или ќе го отвориш целосно твоето срце за љубов или воопшто не отварај го! Во љубовта нема сива боја. Кога љубовта е во прашање мораш да се одлучиш дали си за црно или за бело…
10. Сум видел многу луѓе кои немаат костум на себе, но и многу костуми во кои нема луѓе.
11. Не може да се договорат оние кои го зборуваат истиот јазик. Може да се договорат само оние кои делат исти чувства.
12. Ако една свеќа запали друга свеќа нема да изгуби ништо од својот пламен.
13. Биди учен колку што сакаш, но знај дека тебе ти припаѓа онолку знаење колку што ќе те разбере твојот соговорник.
14. Две работи му го уништуваат животот на човекот: Предавство од страна на пријателот и милост од страната на напријателот.
15. Јас своите пријатели не ги сакам ниту со срцето, ниту со разумот. Бидејќи се случува срцето да запре, а разумот да заборави. Ги сакам со душата, затоа што таа ниту запира, ниту заборава.
16. Прво воспитај го своето срце, а потоа твојот јазик. Затоа што зборовите доаѓаат од срцето, а излегуваат низ устата.
17. Имињата не се важни. Розата би мирисала исто и кога би се викала поинаку.
18. Не е чудно кога овцата бега од волкот, но чудно е кога таа овца ќе се вљуби во него.
19. Дури и солзите имаат своја должност. Нивната должност е да го исчистат теренот за насмевката која доаѓа после нив.
20. Доколку некогаш се консултираш со твоето его постапи спротивно од она што ти го кажува тој злобник.
21. Онаму каде што секој размислува исто, никој не размислува многу.
22. Што значи да се сокрива љубовта? Тоа е нешто слично на криење оган во волна и памук. Колку повеќе ја криете, толку и ја откривате.
23. Доколку чашата ни е мала, немаме право да го обвинуваме морето.
24. Не продавај огледало во чаршија со слепи луѓе и не пеј песни во чаршија со глуви.
25. Не го посакувај туѓиот живот, затоа што има многумина кои го посакуваат твојот.
26. Не жали. Сé што ќе загубиш ќе ти се врати во поинаква форма.