МИЦКОСКИ: Ќе истражиме и ќе кажеме како избега Груевски

Запрашан дали ќе го пречека со фанфари Никола Груевски на аеродромот ако неговата партија победи на избори и формира влада, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговори дека ќе истражи и ќе обелодени кој му помогнал на Груевски да избега од државата.

„Во оваа држава има закони што мора да се почитуваат и оти секој што погрешил пред законот, без разлика дали е Груевски, Мицкоски или Заев, мора да одговара“, вели Мицкоски во емисијата „Економски магазин“ што ќе се емитува вечерва во 22:00 часот.