Модна индустрија и коронавирус: Брендовите изработуваат маски и заштитни одела

Голем дел од модната индустрија уништен е поради пандемијата со коронавирусот. Дизајнерите, луксузните брендови се вклучуваат во борбата против болеста и изработуваат заштитни маски и одела во некои од најтешко погодените земји.

 

Во САД, здравствените работници предупредија дека залихите на медицинска опрема може да бидат недоволни и покрај тоа што произведувачите го зголемија производството, некои здравствени работници биле принудени самите да прават маски, пишува CNN.

Ни требаат креативни компании за изработка на опрема која е неопходна на нашите здравствени работници, порача гувернерот на Њујорк на Twitter.

На неговиот повик прв се јави дизајнерот Кристијан Сиријано.

Американскиот дизајнер Прабал Гурунг исто така се понуди да помогне, а и Брендом Максвел кој ги пренасочи ресурсите во изработка на медицинска опрема.

H&M исто така произведуваат медициска опрема. Не заостануваат ниту Balenciaga и Yves Saint Laurent. Тие ќе произведат 3 милиони маски за француските лекари.

Gucci ќе донира 1,1 милион маски и 55 илјади заштитни одела за здравствените работници на Италија.

Louis Vutton и Christian Dior, пак, направија набавка на 40 милиони маски од Кина.