Мудрости од афричките племиња: Срцето не е колено за да се свитка

Секоја цивилизација и култура си има своја филозофија на живот, свои вистини и свои мудрости. Едни од најзачуваните од влијанието на модерниот свет се правилата за живот на афричките племиња кои им помогнале да опстојат во природна  хармонија, изолирани од разорните глобални трендови.

  • Ако некој ти каже дека гладта е подобра од ситоста, немој да му веруваш
  • Подобро е непријателот да го задржите надвор од куќата отколку да го бркате од неа
  • Грубите шеги на пријателите се исто што и предавство
  • За гаснење на пожарот не се бара чиста вода
  • Знаењето е како стеблото на баобабот: еден човек не може да го опфати
  • Кога ти е тешко плачи, но нека твоите солзи не течат по земја- можат да те ”извалкаат”
  • Лагата има седум краја, а вистината само еден
  • Лагата може да нанесе болка сто пати поголема од копјето
  • Мудроста не станува само во една куќа
  • Остави го оној да го сака тоа што го сака, бидејќи ако му кажеш да не го сака , тој ке го сака и понатаму тоа што го сака, а ќе те мрази тебе
  • Преголема мудрост се граничи со глупост
  • Со преголема добродушност нема да стигнеш далеку
  • Само глуп човек можат да го скршат мали работи
  • Среќен е кртот кој живее под земја и не гледа ваков свет
  • Срцето е тоа што не носи и во рајот и во пеколот
  • Срцето не е колено за да може да се свитка
  • Што ќе ни е богатсво ако поради него во секој момент можеме да ја изгубиме главата
  • Што нема да постигнеш со викање ке постигнеш со молчење