Мудрости од Фројд: Во моментот кога човек почнува да се сомнева во својот живот и својата вредност, тој се разболува

Веројатно и не постои некој кој не слушнал за Зигмунд Фројд, човекот кој многумина го нарекуваат татко на психоанализата. Неговото длабоко разбирање на човековата свест и процесите кои се одвиваат во неа, направило од него човек со непроценлива мудрост. Ова е само дел од неа:

1. Детството е родител на човековата личност.
2. Големината на вашиот идентитет е определена од големината на проблемите кои можат да ве „извадат од кожа“.
3. Сонот претставува исполнување на желбите.
4. Никогаш не сме толку ранливи, како кога љубиме, и никогаш не сме толку безнадежно несреќни, како кога ја губиме љубовта.
5. Луѓето се повеќе морални отколку што мислат и многу повеќе неморални отколку што можат да замислат.
6. Секој нормален човек, во суштина е само делумно нормален.
7. Ако сте му простиле на некого сè, значи сте завршиле со него засекогаш.
8. Човек може да се брани против секој човек, но пред пофалбите останува беспомошен.
9. Повеќе тежнееме кон тоа да ја избегнеме болката, отколку да се соочиме со радоста.
10. Во моментот кога човек почнува да се сомнева во својот живот и својата вредност, тој се разболува.
11. Големо прашање, кое никогаш не е одговорено, и на кое ни самиот не сум кадарен да одговорам и покрај триесетгодишното истражување на женската психа, гласи: „Што сака жената?“
12. Зборовите будат чувства, зборовите нè смируваат или нè носат во очај – зборовите се најсилното средство за влијание врз луѓето.