Надал со силен удар погоди девојче во глава, па ја прекина играта за да и се извини (видео)

Најдобриот светски тенисер на мечот против Федерик Делбонис случајно погоди со топче едно девојче за време размената на удари, па пријде до неа и откако му кажа дека е добро, тој татковски ја бакна. „Искрено се преплашив за неа. Топчето одеше баш брзо и ја погоди во глава. Таа е суперхрабро девојче“.

Рафа сега го чека меч од третата рунда на АО 2020 против сонародникот Карењо Буста.