Над милијарда луѓе во светот немаат лични документи

Можноста да користиме основни права и привилегии, како што се гласање, возење, сопственост на дом и патување, бара да имаме лични документи.

И додека развиениот свет веќе се бори да обезбеди безбедност на податоците, на други места на планетата има луѓе кои дури немаат … идентитет. Станува збор за милијарда луѓе лишени од сите услуги, како на пример, да имаат банкарска сметка или дури и телефонски број на нивно име. А причината е што тие немаат лична карта и пасош. Со други зборови, тие се „невидливи“ за јавноста и приватниот систем.

Способноста да се остварат дури и основните права се утврдува од страна на институции кои, пак, користат стандардизирани информации за да ги идентификуваат и да дозволат некое лице да ги практикува. На пример, да ви биде издаден пасош пред да мора да имате документ од матична книга на родените. Но, што ако немате издадено таков?

„Невидливите луѓе се исклучени од економијата, не можат да гласаат, патуваат, имаат пристап до медицински и едукативни услуги. Не дека не им треба или не заслужуваат да ги користат, туку едноставно се лишени од лични информации“, пишуваат тие од Светскиот економски форум.

Сепак, експертите веруваат дека со развојот на новите технологии овој проблем може да се реши. Информациите и записите од нашите паметни телефони можат да помогнат со ова, бидејќи тие можат да докажат каде живее и работи човек, преку опции за локација.

И процесот во оваа насока веќе започна. Во Индија, жителите на посиромашните градови во големите градови користат токму такви податоци за да ги регистрираат своите адреси. Потоа, тие можат да ги искористат предностите на поштенските услуги, како и да добиваат т.н. матични броеви.

Во Танзанија, некои луѓе ја користат историјата на своите мобилни плаќања за пристап до други финансиски услуги.