Напуштен танкер со 160 милиони литри нафта, со години плови по Црвеното Море

„Танкерот полн со нафта плови на крајбрежјето на Јемен, а ако дојде до експлозија тоа ќе биде најголема катастрофа во историјата“ пишува Гардијан. Моментално најголемиот проблем е што Јемен е блокиран поради војна, а до танкерот сакаат да дојдат и меѓународно признатата јеменска влада но и побунените јеменски Хути.

Бродот се наоѓа неколку километри од пристаништето ”Ras Isa” на Црвеното море, а завојуваните страни за потенцијалната природна катастрофа се обвинуваат една со друга.

Експерти на Обединети нации сакаат да извршат експедиција за да се уверат во каква состојба е танкерот, бидејќи се претпоставува дека набрзо би можел да кородира, што би довело до изливање на огромна количина нафта во морето, или уште полошо да експодира. Според изјавата на хуманитарниот координатор на на ОН, Марк Лавкока, Хутите на стручниот тим минатата недела им го забраниле пристапот.

Катастрофата која прети би загадила огромна површина и би предизвикала тешки последици за целиот екосистем. Количината на нафтата која може да заврши во морето е четири пати поголема од најголемата еколошка катастрофа досега, кога во 1989 година се изли британскиот танкер Ексон.

Во црвеното море живеат повеќе од 600 корални и рибни видови и други морски животни. Во случај на излевање сите врсти ќе се соочат со изумирање, предупредуваат експертите. Објавено е и видео кое укажува на потенцијалната катастрофа.

Нафтата која се наоѓа на бродот вреди околу 80 милиони долари, а Хутите бараат од јеменските власти гаранција дека парите од заработката ќе им припаднат нив.

Танкерот Сафер носи 34 тенка сирова нафта од различни димензии, а полниот капацитет му е околу 480 милиони литри. Бродот не е во функција од март 2015 откако е усидрен во територија која ја контролираат хунтските побуненици.