Наредба за итна евакуација во делови на Австралија (видео)

Австралиските власти наредија итна евакуација на неколку области вклучувајќи и една главна туристичка дестинација, додека пожарникарите се борат со повеќе од 150 пожари кои беснеат низ земјата.

Предупредувањето и наредба за „итна евакуација“ од највисок седми степен има во вкупно седум подрачја.

Противпожарната служба соопшти дека условите се мошне опасни и оти има услови пожарникарите да не успеат наскоро да го спречат проширувањето на пожарот.

Во Сиднеј, петмилионски град, надлежните апелираа граѓаните да не излегуваат надвор бидејќи градот е прекриен со „ризичен“ дим.

Екстремните суши во Нов Јужен Велс и Квинсленд, кадешто дожд нема паднато веќе три години, придонесуваат за брзо ширење на огнот. Во критичните региони затворени се повеќе од 600 училишта.