Најзагаденото море во Европа

Францускиот нститут за истражување на морињата Ифремер, тврди дека Средеоземното море е најзагаденото во цела Европа. Во него можат да се најдат обилни количини на: пластични кеси и шишиња, метални садови, пакувања од храна, синтетички јажиња, рибарски мрежи како и облека.

Институтот од 1994 до 2017 спроведе голема студија за следење на средоземноморскиот отпад, и велат иако од 2009 зголемувањето на отпадот е умерен сепак средоземното море е далеку најзагадено од сите други европски мориња.

„Во текот на девдесетите, густината била 100 парчиња отпад на километар квадратен. Во 2012 бројката достигна 200 а во 2015 го достигна рекордниот број од 300 парчиња отпад на километар квадратен“ изјави Оливија Герињи океанограф во центарот Ифример во Тулон, и главна авторка на студијата објавена во порталот “Marine Pollution Bulletin”.

Според нејзините зборови 60 проценти од вкупниот отпад е од пластика, што е поради зголеменото производство на пластика на светско ниво, во период кога е правена студијата.

Тој макро отпад забележан е на 90 проценти од истражените површини кои се во две студиски зони- Лионскиот залив и источното крајбрежје на Корзика.

Во споредба со другите мориња во кои се правени слични истражувања, на пример Северното море никогаш не ја поминало границата од 50 парчиња отпад на километар квадратен.

Loading...