Најкраткиот “IQ” тест во светот, од само три прашања

Тестот на когнитивна рефлексија познат како ЦРТ , е најкраткиот тест во светот кој се состои од само 3 прашања. Иако на прв поглед изгледаат едноставни, сепак за да се одговори на прашањата треба да се вклучи мозокот, а нивото на интелегенција се мери според времето кое ви е потребно да ги дадете точните одговори.

1. Палка и топка за бејзбол заедно чинат 110 евра. Палката чини 100 евра повеќе од топката. Колку чини топката?

2.Ако пет машини за пет минути прават пет производи, колку минути е потребно 100 машини да направат 100 производи?

3.Во езеро се наоѓа островче од водени растенија. Секој ден површiната на островчето се дуплира. Ако е потребно 48 дена да го покрие целото езеро, колку дена треба за да го покрие пола езеро?

 

 

 

Ако вашите одговори се:

1. 10 евра

2. 100 минути

3. 24 дена

 

Жалиме, паднавте на тестот за когнитивна рефлексија.

Точните одговори се:

1. Пет евра. Затоа што палката чини 105 евра, што е за 100 евра повеќе од топката, за да збирната цена изнесува 110.

2.Потребни се пет минути. Ако пет машини за пет минути прават пет производи, на една машина и е потребно 5 минути да направи еден производ. Поради тоа, сто машини, сто производи во истиот период.

3. Потребни се 47 дена. Бидејќи следниот ден островот ќе се дуплира, и ќе го пополни целото езеро.

 

Тестот го имаат решавано 3.500 студенти, од кои 33% на сите три прашања одговориле неточно, а 83% одговориле погрешно барем на едно прашање. Иако овој тест има свои недостатоци за мерење на вербално и невербално резонирање, само 17% проценти од луѓето ги класифицира во групата на супер-интелегентни, што е реална бројка.