Најочекуваниот ден во каленадрот на “смартфоните”

Изглегувањето на наследникот на iPhone ХЅ, наречен iPhone 11, сигурно е најочекуваниот момент во светот на паметните телефони во 2019. Со излегувањето на Samsung S10 i Huawei P30 Pro кои завршија сериозна работа, од  Apple одново се очекува да ги подигне стандардите во производството на мобилните телефони.

Веќе некое време кружат гласини и излегуваат фотографии каков ќе биде најновиот iPhone, но со последното видео кое излезе во јавноста, можеме со сигурност да го знаеме дизајнот на новата перјаница на американскиот гигант. Дизајнот на куќиштето изгледа навистина “премиум”, а трите камери даваат впечаток дека ова ќе биде најдобриот фотоапарат меѓу телефоните.

Најавено е дека iPhone 11 треба да излезе во септември, кој воедно ќе биде и преставување на  најновиот оперативен  систем IOS 13. Најверојатно ке биде со матича плоча A13 chipset, а гласините велат дека најновиот модел на apple сеуште нема да подржува 5G мрежа. Се најавува дека конечно пакетот ќе содржи полнач за брзо полнење кој не беше вклучен во претходните пакети на iphone.

Телефонот ќе биде придвижен со A13 CPU процесор, а колку тој ке биде помоќен од A12 CPU  кој е составен дел од претохниот  iPhone XS , останува да видиме. Се шпекулира дека најновиот ке iPhone ќе има  разочарувачки 4GB RAM, исто како и претходникот ХЅ.

Сосема сигурно е дека овој  паметен телефон ќе биде нјаскапиот во 2019, а почетната цена би се движела око 1,450 долари.

 

Loading...