Најслатката роденденска забава на светот

Во зоолошка градина на југот на Кина минатата недела организирана е голема прослава- 18 младенчиња од видот џиновска панда го прославија својот прв роденден, а фотографиите од настанот се неодоливи.

Родени помеѓу јули и септември минатата година, младите панди го прославија својот прв роденден во базата Шеншупинг во природниот Национален резерват Волонг, во југозападната кинеска провинција Сечуан.

Забавата е пропратена со соодвента декорација, специјалитети и многу подароци за малите панди.

Малите славеници, од кои девет машки и девет женски, како и три пара близнаци, веднаш почнаа да ги отпакуваат подароците, да ја грицкаат послужената храна, а некои од нив љубопитно ја разгледуваа родеденската декорација.

„ Ова е првпат да видам толку панди на едно место, а исто така и прв пат да видам бебе. Пресреќен сум и возбуден“ изјави еден од посетителите кој го имал задоволството да присуствува на еден ваков настан.

Повеќе земји во светот организираат вакви програми и имаат слични центри, а често е случај на соработка помеѓу нив која е регулирана со потпишани билатерални договори. Вакви проекти имаат и големи зоолошки градини, а голем број на младенчиња се пуштаа во природата откако ќе се оспособат за самостоен живот.

Loading...