На Бабиш не му е јасно: Што повеќе пари вложуваме во народот се повеќе се незадоволни

„Што повеќе пари владата вложува во плати, инвестиции, наука и истражување се повеќе луѓе се незадоволни“ изјави чешкиот премиер Андреј  Бабиш по неделните протести во Прага.

Најголемите протести во Европа во последните неколку децении никако да стивнат, напротив добиваат се поголем интензитет. Во неделата 23 јуни се одржани најмасовните од серијата протести во Прага, со проценки дека во нив учествувале над 280.000 граѓани.

На Конференцијата на европските дипломати во палатата Черин во Прага, на крајот на својот говор, Бабиш даде свое видување околу протестите.

„ Ми се чини дека што повеќе пари трошиме, повеќе луѓе се незадоволни. Ситуацијата е многу чудна. Како држава никогаш не сме стоеле подобро. Апсолутно не се сложувам со демонстрантите дека јас или нашата влада ја попречуваме независтноста на правосудството. Никогаш не сме интервенирале ниту имаме намера да интервенираме. Претседателот на Уставниот суд Павел Ришетски, даде оценка дека независноста на судството не е загрозена. Но одлично е што луѓето трисет години после “Ноемрви” (се мисли на протестите од 1989. година, таканаречената кадифена револуција) можат слободно да го изразат своето мислење“ изјави Бабиш во својата прва реакција по масовните протести.

Според организаторот, нови протести се закажани во номври, по паузата која ќе ја направат во летните месеци.

 

 

 

Loading...