На Боки 13 му откажал левиот бубрег

Кога лежи желудочната киселина му оди право во белите дробови. Може да умре за 15 минути, вели неговиот адвокат Сашо Дуковски.

Му откажа левиот бубрег на Бојан Јовановски познат како Боки 13, обвинет во аферата „Рекет“, дознавл „Слободен печат“. Самиот Јовановски, но и неговиот адвокат од судските власти бараа затворскиот притвор да му биде заменет со домашен, токму поради нарушеното здравје, но тоа барање беше одбиено.

 Секој ден здравствената состојба му е се покомплицирана. Урината му е кафеава. Вчера стражарно беше спроведен на ректоскопија. На 20 овој месец му е закажана колоноскопија за која претходно треба да е на посебен режим. Нема што не му е. Кога лежи желудочната киселина му оди право во белите дробови. Може да умре за 15 минути. Јовановски нема желудник и за тоа има 10 лекарски мислења дека треба да биде хоспитализиран – вели неговиот адвокат Сашо Дуковски.

Loading...