На младиот Кениец му се предвидува блескава иднина

Седумнаесет годишниот Едвард Закојо Пингуа, кој победи на трката на 5.000 метри на Дијамантската лига во Рабат, предизвика голем број полемики околу својата возраст.

Пингуа е едно од најголемите изненадувања во светот на атлетиката оваа година. Со 17 години стана афрички шампион во трка на 5.000 метри, а неодамна триумфираше во истата трка во Дијамантската лига во Рабат.

Поради неговиот несекојдневен изглед, многумина почнаа да дискутираат за неговата возраст и околу можноста тој да ги лажира годините.

Меѓутоа младиот Кениец не обрнува внимание на дискусиите кои не се поврзани со спортот, и е одлучен во намерата да го изгради своето име во светот на атлетиката базирано на успесите и својот квалитет. Негова цел е оваа година на 5.000 метри да истрча со време под 13 минути, барем 4 секунди помалку од неговиот најдобар резултат во Рим.

Loading...