НА ПОВИДОК МИГРАЦИИ ОД ЕПСКИ РАЗМЕРИ

Долг временски период се стравува дека наредните миграции од епски размери ќе бидат поради климатските промени. Предупредувања за оваа неизбежна ситуација стигаат од сите страни – рлевантни светски институции, научници, еминентни универзитети, влади, истражувачки институти итн.

Шокот поврзан со климатските промени предизвика насилни конфликти во минатото. Конфликтот е сериозен ризик во областите како Западна Африка и Централна Азија.

Минатата година, извештајот на Светската банка, што прв ја моделираше миграцијата поради климатските промени во големи размери, всушност процени дека 143 милиони луѓе во супсахарска Африка, Јужна Азија и Латинска Америка би можеле да се преселат во нивните земји до 2050 година.

Како што климатските промени се влошуваат, дури и умерено, тоа би можело да предизвика недостиг на вода во Етиопија, за 1,5 милиони Етиопјани да мигрираат до 2050 година.

Предвидувањето колку ќе се зголемат морињата и колку долго би траеле сушите, вклучуваат многу непознати.

Креаторите на светската политика сериозно треба да го почитуваат и имплементираат договорот за климаткси промени од Париз, а доколку е можно и надградат истиот во догледен временски период!

НАЈГОЛЕМИОТ АБСУРД околу климатските промени е тоа што државите кои најмалку имаат допринесено, најмногу страдаат од последиците на истите. ОДНОСНО, младите кои ни најмалку имаат допринесено, затекнуваат свет со климатски феномени, резистентни болести, енормен CO2, скиселени океани, уништени корали, изумрен животински и растителен свет, уништени шуми….