НБА суспендирана: Се мајтапеше со короната, па три дена подоцна се – зарази! (ВИДЕО)

Кошаркарот на Јута џез, Руди Гобер е првата НБА-ѕвезда, која е заразена со коронавирусот, по што целата лига веднаш беше суспендирана.

Французинот е класичен пример дека никогаш не можеш да ја предизвикуваш судбината. Гобер пред само три дена се мајтапеше за коронавирусот на една прес-конференција, а денеска тој беше позитивен на истиот. Тогаш тој истакна дека вирусот и не е така голема работа.

Ги допираше сите микрофони кога си замина од прес-конференцијата па можно е сега да го пренел Ковид-19 на некој од новинарите присутни во салата.