Неверојатно!!! Новата HBO серија „Chernobyl“ со подобри оценки од Game of Thrones!

Извонредната нова серија „Chernobyl“ едноставно ја надмина популарноста на легендарната серија Game of Thrones, котирајќи со неверојатни 9.7% на популарност на реномираната веб страна за филмови и ТВ серии – IMDB.

Серијата едноставна сака да не потсети за деструктивноста на човекот по себе и по природата. Целата приказна ја опишува нулеарната катастрофата во Чернобил која сè уште важи како опомена за опасноста што го демне човештвото.

Chernobyl во детали ја објаснува целата катастрофа а истовремено обелоденува и факти за тоа колку малку всушност вредел човечкиот живот во Припјат, во 1986 година.

Една од најпотресните сцени во оваа серија е како децата играат и танцуваат во дожд од смртоносен пепел кој паѓа на нив. Ова се всушност детали кои навистина се случиле. Тука е и приказната која малкумина ја знаат, за тројцата волонтери кои спречиле да не дојде до поголема катастрофа во која половина од континентот денеска не би постоел.

Погледнете го трејлерот на фимот: