Немилосрдна борба за живот во режија на мајката природа (видео)

Авторот на многу култни серијали поврзани со природата Дејвид Атенбороу, е актуелен со најновиот серијал “Династии“, во кој одблиску е прикажана суровоста на природата и борбата за преживување во дивината.

На снимката може да се види борбата за гол живот на лав, кој е опколен од глутница со гладни хиени. Во трилер завршницата, кога исходот беше скоро решен, во последен момент се појави уште еден лав кој за влакно го спаси од сигурна смрт.