МИЛЕНКО ЈА ОБЈАВИ ФАКУЛТЕТСКАТА ДИПЛОМА НА ЈАНЕВА: СТУДИРАЛА 8,5 ГОДИНИ И ЗАВРШИЛА СО 6,24 ПРОСЕК(ФОТО)

Новинарот Миленко Неделковски на социјалните мрежи го објави уверението на завршните испити на екс обвинителката Катица Јанева во времето кога студирала на правниот Факултет во Скопје. Како што можеме да забележиме на фотографијата Јанева студирала 8,5 години и завршила со 6,24 просек.

Според фотографијата која ја објави новинарот Миленко Неделковски, можеме да забележиме дека на 19.06 1989 година екс обвинителката Катица Јанева, дипломирала на наставата од втор степен од студиите на Правосудна насока на Правниот факултет во Скопје, како стручен правник со просек од 6,24.

Фејсбук статус на Миленко Неделковски!

Јанева Катица студирала 8,5 години, и завршила со 6,24 просек.

Сашо Орданоски немаше завршено факултет кога стана директор на МТВ. Марјан Забрчанец нема факултет а е главен советник на Заев
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА, НЕЗНАЕЊЕТО Е МОЌ.

Јанева Катица студирала 8,5 години, и завршила со 6,24 просек, објави новинарот Миленко Неделковски.

Е ама, да објавам ли колку време студирале пратеници ДОДЕКА БИЛЕ ПРАТЕНИЦИ, и како завршиле факултет? По 15 години, од позиција на власт, факултет да не се можело да се заврши!!!
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА, НЕЗНАЕЊЕТО Е МОЌ, пишува Неделковски.
Срам да се немало.

Да потсетиме судот минатата недела ѝ го продолжи притворот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која е осомничена во случајот „Рекет“ на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Јанева е во притвор од 21 август. Со денешната одлука, таа останува во затворот во Шуто Оризари уште нови 30 дена.

Во однос на поднесениот предлог од одбраната на Јанева за укинување на мерката притвор и определување поблага мерка за обезбедување присуство со понудена гаранција доставена до судија на претходна постапка, од Основниот кривичен суд соопштија дека истиот е испратен на мислење кај надлежен јавен обвинител, а по донесена одлука на судот, странките и јавноста ќе бидат дополнително известени.

Loading...