Новинар за Ѓоковиќ: Погледнете го, понекогаш си мислите прекарот Ноле значи (NO sty-LE)

Деновиве, пред почетокот на Вимбелдон, тенисерите се во центарот на вниманието, а еден од најголемите критичари на Новак Ѓоковиќ, новозеландскиот новинар Марк Рисон во една негова колумна брутално го навредуваше српскиот тенисер.

На новинарот Рисон не му е прв пат да го навредува Ѓоковиќ, но во последниот обид се чини ја премина границата на невкусот.

„Се што има во врска со него е погрешно. Па само погледнете му ја фризурата, личи како некоја кукла која тукушто пристигнала од војска. Дали нешто сменил во последните десет години? А погледнете му ја гардеробата. Прекарот Ноле некогаш си помислувате дека значи ”нема стил” (NO sty-LE). Тој изгледа како дете кое тргнува во прво одделение“

„Кога го совлада Надал на Австралија опен беше како машина. Тоа беше една од неговите најдобри партии, но во него немаше никаков жар. Чист празен впечаток, што беше разочарувачко за цела Австралија. Тоа во Австралија не смее да се случи. Тој никогаш нема да биде најдобриот кој ќе го паметат. Сигурен сум дека за пет години никој нема да го памети Ѓоковиќ, затоа што е никој и ништо. Незабележителен“ напиша Рисон