Нов австралиски вид на пчела, го доби името по ликот од ”Игра на тронови”

Нова врста на пчели, откриена во Австралија го доби името ”Ноќниот Крал” по негативецот од популарната серија ”Игра на тронови”, и тоа поради сличните карактеристики.

Инсектот воглавно живее во зимо, а кога ќе нападне други инсекти со својот долг  ”нос” ги јаде од внатре претварјќи ги во ”зомби”, велат научниците.

Ноќниот крал во светот на инсектите е долг еден центиметар, а може да се види само во зима во одредени подрачја на западот на Австралија.

Откривањето на оваа нова врста на пчели се должи на еден од докторантите на државниот Универзитетот на Австралија, Ксуанкун Лију, кој и самиот е голем фан на Игра на тронови.

Сепак инсектите први ги воочиле граѓани-научници (аматери, заљубеници во природата) во националниот парк Ванда, уште во 2012. За да ова октритие добие научна основа, го почекало младиот научник на кој не му требало многу да ги воочи разликите помеѓу ликот од серијата и инсектот.

Во текот на изминатите неколку години во Асвтралија се откриени околу 230 нови диви врсти,  пренесува ББЦ.

 

Loading...