Објавен „тизер“ за најновиот Џемс Бонд (видео)

Филмот е сниман во Лондон, на Јамајка, во Норвешка и Италија. Премиерата е закажана за 3. април 2020. година.
Објавен е најновиот тизер за новиот филм за славниот агент 007 – „Нема време да умрам“. Ова е последниот филм, 25-ти, за Џемс Бонд. Самиот тизер предизвикал големо внимание, а после тоа расте нетрпеливоста за објавување на филмот. Ова е последниот дел од филмот Џемс Бонд во кој глуми Даниел Крег. Филмот е во режија на Кери Фукунага, а покрај Крег, во филмот се играат sвездите Рами Малек, Рори Киниер, Бен Ваишо, Наоми Харис, Леа Седу и Џефри Рајт.

Даниел Крег го игра британскиот таен агент 007. по петти пат, потврдувајќи дека ова е последно продолжение во кој ќе го игра Бонд, бидејќи е време да го заменат со помлад.
“Тоа е еден од најтешките, најпредизвикувачките, но и најубавите проекти со кои сум врзан. Потребно е многу енергија за да влезам во таа улога. Јас стареам и затоа е малку незгодно”, рече 51-годишниот актер, кој за време на снимањето го повреди зглобот .

Во новиот филм, Бонд ужива во тивок живот откако ја напушти Тајната служба сè додека не го посети стариот пријател, Феликс Лејтер од ЦИА и замолил за неговата помош. Потоа тој започнува со мисија да го спаси киднапираниот научник и со тоа ќе се најде на пат кон мистериозна вооружена негативка со опасна, модерна технологија.
Филмот премиерно ќе биде прикажан на 3. април 2020. година во Велика Британија и на 8. април во САД.
Франшизата „Џемс Бонд“ е една од најпрофитабилните во светот на филмот. „Spectre“ од 2015. заработи 880 милиони долари, а „Skyfall“ од 2012. повеќе од една милијарда долари.
Погледнете го најновиот тизер за филмот:
Loading...