“Овај човек е неуништлив!!!”

По операцијата на срцев залисток, 75 годишниот Мик Џегер на видео објава на Твитер им покажа на фановите дека е во подобра форма од било кога и дека е спремен за следната турнеја.

На снимката се гледа како  Џегер изведува  движења во свој стил и дека е во одлична физичка кондиција. Одложената турнеја во САД и Канада заради операцијата која требаше да биде одржана во април, сега се најавува за почетокот на јули. Се надеваме дека Стоунси ќе го задржат јакиот дух и енергија додека да дојдат и во Скопје.