Од новиот топлотен бран во Европа умираат луѓе, а во опасност е и Нотр Дам

Се очекува температурите во поголемиот дел на западна Европа денес повторно да достигнат рекордни нивоа, во зенитот на вториот топлотен бран во еден месец. На северот на Франција е издаден црвен аларм, а се очекува температурата во Париз да да достигне 41 Целзиусов степен.

Во Обединетото Кралство исто така се предвидуваат температури до 39 степен. Белгиските(39,9), германските(40,5) и холандските(39,3) температурни рекорди би можеле да бидат срушени по втор пат во два дена.

Француските медиуми пренесуваат дека има најмалку пет смртни случаеви  предизвикани од високите температури.  Властите издадоа ”црвен аларм”, највисоко ниво на предупредување, за регионот на Париз и 19 други француски департмана.

Најновиот топлотен бран се споредува со летните горештини од 2003 кога животот ширум светот го изгубија дури 15.000 луѓе.

Нотр Дам во опасност

Архитектот Филип Виланова предупредува дека поради екстремните температури постои можност да се срушат столбови од Нотр Дам.

„Многу сум загрижен. Како што знаете катедралата претрпе огромни штети од пожарот, но сега е во опасност да се сруши поради ослабената конструкција“ вели Виланова.

„Се плашам дека како топлината ги суши ѕидовите и носечките столбови, можат да ги изгубат своите структурни квалитети и кохезијата и да попуштат“ изјави за ЦНН

Четириесет степени се очекува и во северна и средна Италија, поточно во Фиренца и Ферари. Но целата држава нема да биде погодена од топлотен бран, поради нешто пониските температури во јужните делови на Европа.