Антички безвременски мудорсти: Оној што е пријател секому, не е пријател никому

Многу векови наназад, Грција била лулка на мудроста и домот на важни историски личности, кои со своето знаење и интелигенција го промениле текот на светот. Нивниот безграничен талент, инспирација и визијата кои ги поседувале претставуваат основа на модерната цивилизација.

Ова е само мал дел од мислите на најголемите филозофски умови во историјата на човештвото:

1. Најтешкото нешто во животот е да се спознаете себеси. – Талес
2. Почекајте да ви пресуди најмудриот од сите советници… времето. – Перикле
3. Сега знам дека ништо не знам. Тоа е изворот на мојата мудрост. – Сократ
4. На добрите луѓе не им се потребни закони да се однесуваат примерно, а лошите ќе најдат начин да ги заобиколат. – Платон
5. Секој може да се наути – тоа е лесно, но да се биде лут на вистинската личност, до вистинскиот степен и во вистинското време, и поради вистинската причина и на вистинскиот начин – тоа не го може секој и не е лесно. – Аристотел
6. Ништо не е постојано, освен промената. – Хераклит
7. Секако ожени се, ако најдеш добра жена ќе бидеш среќен, ако не – ќе станеш филозоф. – Сократ
8. Не постои ништо освен атоми и празен простор, сè друго е само мислење. – Демокрит
9. Треба да се ослободите од лошите навики и лошите луѓе. – Епикур
10. Малите можности се често почетоци на големи потфати. – Демостен
11. Не ми треба пријател кој се менува кога се менувам јас и кој клима со главата кога климам јас, мојата сенка го прави тоа многу подобро. – Плутарх
12. Да се биде брз е во ред, но прецизноста е сè! – Ксенофон
13. Оној што е пријател секому, не е пријател никому. – Аристотел
14. Празниот сад прави најсилен звук, па така и тие со најмалку мудрост се најголемите брборковци. – Платон
15. Не треба да го правиш она кое не сакаш другите да ти го прават тебе. – Талес