ОХРИД ГО БРИШАТ ОД ЛИСТАТА НА УНЕСКО: РЕГИСТРИРАНИ 1.076 ДИВОГРАДБИ, ОД КОИ 409 НА КРАЈБРЕЖЈЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

Најголемиот туристички центар во Македонија, градот Охрид кој со својата убавина привлекуваше илјaдници туристи, ја губи својата историска вредност и автентичност, а причина за тоа се многубројните дивоградби и корупцијата на локалните власти.

Кај 1076 предмети инспекциските служби од Охрид забележале нерегуларности, односно дивоградби од кои 409 биле на територија на заштитена област. Дивоградбите се забележани на крајбрежјето на Охридското Езеро, во Стариот дел на Охрид и Националниот парк Галичица.

Ваквите бројки се објавени во новиот Регистар за нелегални градби на територијата на Охрид, за периодот од 2006 до 2019 година, кој е изработен според препораките на Унеско.

Од регистрираните предмети во заштитениот дел, како што соопшти општина Охрид, 82 се однесуваат на урбана опрема, 16 се за времени објекти, осум за плажи, 80 за куќи, апартмани и сместувачки капацитети, а останатите предмети се за помали интервенции и градежни зафати на објекти.

Со изготвување на Регистарот на нелагални градби, општина Охрид во рекордно време исполни дел од своите обврски, кои се произлезени од владината работна група, која постапува по препораките на УНЕСКО, а Регистарот за нелегални градби треба да се достави до Владата најдоцна до 1 септември, посочува општинската прес-служба.

Следната недела во Баку ќе се одржи 43 та сесија на Комитетот за културно наследство на која треба да биде донесена одлука за идниот статус на светското природно и културно наследство на Охрид.

Loading...