Пиењето на кафе во “кафичи” го срушило Отоманското Царство

Во краевите кои биле дел од Отоманската Империја, тешко дека може да се замисли животот без кафе. На многумина “кафичите” им се дневна рутина и потреба, но малкумина знаат од каде потекнува тој ритуал.

Традиционалното кафе на овие простори е дојдено од Турција. Исто е насекаде, но со различно име. Во Македонија, Србија и Хрватска го нарекуваме турско, во Грција и Кипар е грчко а во БиХ е босанско кафе.

Според истористките податоци кафето во Османското Царство е донесено од Јемен а со него и името ”qahwah”. Во време на владеењето на  Сулејман Величествениот, кафето брзо станува популарно, а легендата вели дека Хурем Султан прва го почнал ритуалот на козумирање на кафето со локум за да ја убие горчината.

Денешните ”кафичи” и ”кафани” служат за забава и дружење, но во времето на Османското Царство не било баш така. Историчарите тврдат дека извршиле огромно влијание на општествените промени кои довеле до распад на империјата.

Првите ”kahvehane”се појавиле во Истанбул во 1555 година и постепено се прошириле по целото царство. Меѓутоа наскоро почнале проблемите. Kahvehane биле места каде луѓето се дружеле, едуцирале и разменувале информации, односно писмените граѓани им читале на оние кои не знаат. Тука се организирани првите протести против султанот од страна на јаничарите, а трговците ги ширеле вестите за новите војни.

Властите на ”kahvehane”почнале да гледаат како закана и почнале да праќаат свои шпиони, додека пак Султанот Мурат IV пробал и перманентно да ги затвори, но се предомислил заради финансиски причини, бидејќи носеле премногу пари во државната каса.

Во текот на 19 век низ целото царство се појавиле национални, еманципаторски движења а со нив растела и популарноста на ”кафаните”. Тие ја одиграле клучната улога за падот на империјата бидејќи тогашните интелектуалци и револуционери тука се собирале, ги планирале своите потези и склопувале сојужништва. Со текот на времето овој тренд довел до воспоставување на независнот од страна на Грција 1821., Србија 1835. и Бугрија 1878.