Пике: Ова беше најлошиот Реал што сум го видел

Барселона синоќа загуби на гостувањето кај Реал Мадрид и со тоа ја загуби и лидерската позиција на табелата.

Дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике беше многу разочаран од поразот и посочи дека Реал Мадрид во првото полувреме бил најслабиот, што некогаш го видел.

„Го контролиравме натпреварот во првото полувреме. Во тоа време, Реал беше слаб, можеби најслаб што сум го видел на „Сантијаго Бернабеу“. По паузата, тие ја изнесоа играта подалеку од своето поле и ни дадоа гол во најнеповолниот момент“, истакна Пике и додадедека неговиот тим не играл доволно добро.

„Логично беше дека откако нема да ги искористиме нашите моменти пред паузата, ќе имаме проблеми потоа. Тие не ранија, но не не убија. Мислам дека имаме сили да ја освоиме титулата“, убеден е дефанзивецот.