Племе еволуирало поради престојот под вода

Морските номади, или племето Бајау се жив доказ дека човечкиот организам е чудо на природата и може да се модифицира во зависност од средината во која се наоѓа.

Припадниците на малајското племе Бајау Лаут, кои живеат близу островот Борнео , 60 проценти од времето го поминуваат на море. Пловат дење и ноќе, се хранат со риби, живеат на самостално  изградени сплавови и се што им треба носат со себе на море. На бреговите доаѓаат само да тргуваат со риби и да ги поправат своите пловила.

Нивните деца без помагала гледаат до 25 метри во длабочина и се раѓаат со значително поголема слезина од останатите. Возрасните членови нуркаат и до 70 метри длабочина опремени само со дрвена маска за очи и копје со кое ги ловат рибите.

Според американската научничка Мелиса Илардо, генетската промена настанала поради 1000 годишно нуркање на претходниците на ова племе. Најголема промена освен во подобрувањето на видот под вода, е во големината на нивната слезина која им овозможува долго задржување на здивот. Таа извршила ултразвучно снимање на 59 припадници на Бајау и кај сите е забележана 50 проценти поголема слезина, која преработува 10 проценти повеќе крвни станици од нормалната. Тоа им овозможува да останат под вода далеку подолго од обичните луѓе.

Ова истражување би можело да помогне да научниците да сфатат како се менуваат генетските информации предизвикани само од екстремни животни услови, како и да се разбере губењето на кислород во нуркање, качување на големи висини, оперативни зафати и болести на белите дробови.

Loading...