Пливањето го потикнува равојот на когнитивната интелегенција

Во истражување кое опфаќа 7.000 деца од Австралија, САД и Нов Зеланд откриено е дека оние деца кои рано ”влегуваат” во базен и море побрзо се развиваат на когнитивно, физичко и јазично ниво.

Децата кои тренираат пливање во раните години се попаметни од своите врсници, покажа студијата на интситутот Грифин за педагошки истражувања. Од анализирани 7.000 деца од Австралија, САД и Нов Зеланд, oткриено е дека оние кои во рана возраст влегуваат во базен или море побрзо се развиваат на когнитивно, физичко и јазично ниво.

„Без разлика на социо-економската позадина децата кои пливаат од рана возраст совладуваат различни вештини пред своите врсници. Ги извршуваат значително подобро визуелно-моторните задачи како што е прецизно сечење хартија со ножици  или боење во линија, но и посложени математички и јазични проблеми“ вели професорот Робин Јоргенсен.