Побегнал од полициска станица со скок од првиот кат сосе радијатор (видео)

На социјалните мрежи се појавила снимка на која се гледа како еден маж излегува од прозорот на полициската станица и бега.

Жителите на една населба во Москва присуствувале на вистинско филмско бегство од затвор. Сето тоа можеби не би било толку чудно доколку не скокнал од првиот кат на покривот на автомобилот кој бил паркиран долу, што му го ублажил падот. Но, за да биде ситуацијата уште почудна, мажот имал радијатор врзан со лицисита за раката при скокот.

Деталите, како и епилогот од целиот случај уште не се познати, но сигурно на полицајците им требало малку време за да сфатат што се случило.