Покрената е петиција: До сега 110.000 луѓе бараат Кијану Ривс да биде прогласен за личност на годината

Кијану Ривс веќе некое време е една од омилените холивудски ѕвезди, а тоа обожување на славниот актер отиде до таму да 110.000 луѓе до сега ја потпишаа иницијативата тој да биде прогласен за личност на 2019 година, од страна на магазинот “TIME”.

На страницата change.org  се појави петиција со опис: „Кијану е најдобрата личност која постои, проглесате го за личност на годината! Кијану потајно донирал милиони на детски болници и добротворни организации, има направено неверојатни работи за многу луѓе и никогаш ништо не барал за возврат

Целта е да се соберат 150.000 потписи, а доколку и вие сакате да ја подржите иницијативата тоа може да го направите тука.

Кијану Ривс стана миленик на интернет, откако во последно време се шират безброј неверојатни приказни како актерот понизно се однесува кон своите обожаватели. Една од последните кои кружат е дека Кијану купил сладолед од 16 долари само за да добие сметка на која би дал автограм на едно момче.

Неодамна се дозна дека Кијану во тајност донирал голем дел од својата милионска заработка, без да прави самопромоција во медиумите.

Тој е толку скормен што до неодамна не ни знаел дека е толку обожуван на интернет. Тоа го дозна на премиерата на филмот “Toy Story 4″, кога новинарка го праша како се чувствува што ја добил титулата ”најомилениот дечко на интернет”. Тој збунето побара објаснување по кое новинарката му објасни дека е симпатичен и омилен на сите на интернет.

Инаку магазиот “TIME”, традиционално секоја година прогласува личност на годината, а минатата година титулата постхумно ја доби убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги.