Полициски час од недела до вторник

Полицискиот час ќе започне од недела во 11 часот наутро и ќе трае до вторник до 5 часот.

Следејќи ја моменталната епидемиолошка состојба со COVID-19, како и препораките на Комисијата за заразни болести, на денешната владина седница донесовме одлука за зголемена рестрикција на движењето на граѓаните за време на претстојниот празничен викенд, изјави премиерот Оливер Спасовски.

Се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, 24 мај, во 11:00 часот до вторник, 26 мај, до 05 часот.

Во сабота, на 23 мај, забраната за движење останува иста како и за сите други денови, од 19 часот до 05 часот наутро, напиша Спасовски на неговиот Facebook профил.